Анџелина Џоли: Киднапирањето девојчиња во Нигерија е „непоимлива суровост“

Холивудската ѕвезда, Анџелина Џоли го осудила како „непоимлива суровост и зло“ киднапирањето на повеќе од 200 девојчиња во Нигерија од страна на исламистичката група Боко Харам.

Говорејќи во Париз на претставувањето на својот најнов фил „Малефишент“ актерката рекла дека „за жал во светот постои вистинско зло, гледате вести и гледате дека луѓето страдаат и толку многу суровост“.

„Непоимлива е суровост на киднапреедите на тие девојчиња во Нигерија. Неопимлива суровост и зло“, истакнала таа.
Вкупно 276 ученички се киднапирање пред три недели од училиште во Чибоку, во државата Бомо, а од нив 53 успеале да побегнат. Групата Боко Харам се закани дека киднапираните девојки ќе ги продаде како „бело робје“. Во насилствата предизвикани од Боко Харам на северот на Нигерија само од почетокот на годинава загинале 1.500 луѓе.