
Државната изборна комисија утре ќе им ги врачи мандатите на новоизбраните пратеници.
Според претседателот на ДИК, Никола Рилковски, до денеска до Комисијата немало официјална најава дека некој од пратениците ќе ги враќа мандатите. Само НДП на Руфи Османи официјално најави дека ќе ги врати мандатите до ДИК.
До Управниот суд биле поднесени 10 тужби, и сите се одбиени со што се потврдени решенијата на ДИК.