Што изјави Василакис по средбата во Њујорк ?

Нема напредок по вчерашните средби во Њујорк, информира грчката државна новинска агенција повикувајќи се на изјавата на грчкиот претставник Адемантиос Василакис.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчките медиуми пренесуваат и дека Василакис изјавил оти Грција наводно сакала да најде решение, но другата страна досега немала направено апсолутно ништо.

„Тиe се на иста позиција како во 1995 та година”, изјавил Василакис.

Грчкиот печат јавува и дека специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц планира да ги посети Скопје и Атина на почетокот на јули.