
Утре во 20:30 часот во Галерија 8- Безистен ќе биде отворена самостојната изложба „ИГРА“ на Росица Лазеска.
Во делата на Росица Лазеска има експресивна, динамична ткаенина на линии кои се во меѓусебна комуникација со графичките знаци, форми и тонски решенија, а кои создаваат хармонично обликувани апстрактни композиции.
Линијата која е силна и лирична, моќна и нежна, динамична и смирена, апстрактна и наративна го обликува овој ликовен свет со кој се карактеризира специфичниот ликовен израз на овој уметник.