Брус Вилис по петти пат стана татко на девојче

Триесет и петгодишната Ема Хеминг Вилис роди здраво девојче, кое и е второ дете со славниот актер Брус Вилис.

Малата Евелин Пен Вилис се роди во понеделникот, на 5 мај во Лос Анџелес и тежи 3,8 килограми. Таа и мајката се добро и двете се здрави, пишува ЈуЕс Магазин.

Актерот стана татко по петти пат. Од бракот со Деми Мур (51), Вилис има три ќерки Румер (25), Скоут ЛаРуе (22) и Талула. Со Ема уште ја има и Мејбл Реј (2).