
Шеесет и седумгодишниот пензионер, Ѓорѓи Јованов од Пробиштип деновиве исчезнал.
Последен пат Ѓорѓи е виден на 4-ти мај во пробиштипската населба Калниште. Бил облечен во тегетни тренерки, тегетна блуза, тегетен џемпер, кремасто палто, бели патики и бело капче.
Ѓорѓи боледува од “Депресија манија”.
Семејството упати апел до граѓаните доколку го забележат Јованов да пријават во најблиската полициска станица.