
Британска компанија ќе го проширува својот бизнис во Македонија!
Станува збор за британската компанија Euro BPO, која се занимава со аутсорсинг на бизнис процеси за британски и глобални клиенти.
Почетната инвестиција во земјата е 250 ијлади фунти со намера да се зголемува во иднина. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови работни места за млади економисти, менаџери, сметководители и компјутерски инженери од земјата.
Во иднина компанијата планира освен веќе отворената канцеларија во Скопје, да отвори уште неколку канцеларии и во останатите градови во Македонија.