Лажна дојава за бомба во Музејот на Акропол во Атина

Грчките власти денеска го евакуираа Музејот на Акропол во Атина откако добија дојава за подметната бомба, но се утврдило дека дојавата била лажна.

Во соопштението од полицијата се наведува дека непознат маж се јавил во редакцијата на еден грчки дневен весник и пријавил дека во музејот има бомба која ќе експлодира за 40 минути.

По дојавата во музејот пристигнале експерти за деактивизација на експлозивни направи. По истекот на рокот утврдено е дека дојавата била лажна.