
Романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“ ќе биде изведен во рамките на 42. Мајски оперски вечери во понеделник на 12 мај.
Праизведен е во Париз, во 1841 година, тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
Во насловната улога, ќе настапат првенката на Берлинскиот државен балет, Јана Саленко; нејзин партнер во улогата на Алберт, Дину Тамазлакару, кој исто така работи во Берлин; Хиларион: Бобан Ковачевски; Мирта: Ивана Коцевска; Па де де: Билјана Басмаџиева и Иван Бојко (Украина).
Настапува комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореограф е Леонид Лавровски (Русија). Диригент, Алис Фарнам од Велика Британија.