
Францускиот интернационалец од редовите на Арсенал, Лорен Кошчиелни потврди дека пред неколку часа го потпишал новиот договор кој го обврзува да остане на “Емирати” до 2018 година.
„Многу сум горд и среќен што најдов заеднички јазик со раководните лица на Арсенал околу новиот договор кој веќе е потпишан. Јас уживам на “Емирати”, уживам од истиот момент кога пристигнав во Лондон. Среќен сум што ќе бидам во ситуација да му помогнам на мојот тим и во годините што следуваат”, изјави централниот дефанзивец.
Репрезентативецот на Франција подолг временски период важеше за најголема желба на германскиот бундеслигаш Баерн (М) и на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ.