
Австриецот Том Нојвирит, под уметничко име Кончита Вурст и ја донесе на Австрија победата на Песна за Евровизија со песната “Rise Like a Phoenix”.
Второпласирана беше Холандија, а на трето место е песната на шведскиот претставник.
Годинава имаше возбудливо гласање, бидејќи во еден момент Холандија беше „зад пети“ на Австрија.
Министерот за култура на Австрија, Јозеф Остермајер изрази задоволство што Австрија победи и изјави дека се радува што неговата земја ќе биде домаќин на овој натпревар.
„Прво место на Австрија на Евровизија е голема победа за Кончита Вурст, но и победа на Европа по прашањето на толеранција и почитување,“ изјави тој.