
Повеќе од шест илјади учесници од 47 држави ќе учествуваат на 10-от Виз Ер Скопски маратон 2014, што ќе се одржи в недела. Ќе бидат реализирани трката на пет илјади метри, која има хуманитарен карактер, полумаратонот и главната трка маратонот на 42.195 метри. Стартот на сите трки е во 9 часот на плоштадот „Македонија“.
Годинава промотор на маратонот е светскиот рекордер, Кениецот Вилсон Кипсанг.
Годинава се натпреваруваат четворица Кенијци и две Кенијки, натпреварувачи од Романија, Унгарија, Италија… Како и секоја година, Виз Ер Скопскиот маратон ќе биде и државно првенство во маратон. Ќе настапат сите македонски маратонци.
Град Скопје го поддржува маратонот со 1,5 милиони денари, а на располагање се и сите јавни претпријатија.
За маратонската и полумаратонската трка ќе има парични награди, а за трката на 5.000 метри стокови награди. Првите три парични награди во маратонот во машка и женска конкуренција зависат од постигнатиот резултат. За рекордот на патеката на маратонот следува дополнителна награда од 300 евра