
Осумдесет и едно годишниот Ѓорги Г. од беровското село Русиново вчера го загубил животот во несреќен случај.
Додека го управувал својот трактор, изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од добиените повреди Ѓорги починал на лице место.
По извршениот увид, телото на починатиот е предадено на семејството.