
Дваесет и седумгодишна жена од битолско Братиндол почина при несреќа со трактор.
Тракторот го управувал нејзиниот сопруг, П.А.(32), а несреќната жена Ѓурѓија паднала и била прегазена со задното тркало. Од здобиените повреди, Ѓурѓија починала во болница во Битола.