
Новиот Дом на култура во населбата Кисела Вода, на местото каде што се наоѓа старото и запуштено кино, ќе го гради фирмата „Kарпош“ за околу 675.000 евра, пари што ќе се обезбедат од буџетот на Министерството за култура и од општинскиот буџет.
Проектот треба да се реализира до крајот на седната година.
Според проектот, Домот на културата ќе претстаува мултифункционален простор што ќе се користи како театар, со 144 седишта и надграден дел кај сцената во висина од 4 метри. Широчината на театарската сцена ќе биде 10 метри, длабочината 8 метри, а вкупната површина на салата ќе зафаќа 315 квадрати. Таа ќе може да се користи и како киносала. Во останатиот дел од објектот ќе има библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни канцеларии, а предвидени се и простории за урбаната заедница, со посебен влез.