
Триесет и едногодишниот кумановец Аднан Реџепи загина во борбите во Сирија.
Реџепи бил дел од бунтовниците кои се борат против сирискиот диктатор Башар ал-Асад. Како што е наведено, тој починал во саботата.
Аднан Реџепи е поранешен борец на Ослободителната народна армија во војната од 2001 година во регионот на Куманово – Карадак, како дел од специјалната единица. Во 2003 година тој беше уапсен и осуден на четири години затвор.