
По референдумот на кој неколку региони изгласаа независност од Украина, канадските власти одлучија да ја прошират листата на санкции за Русија за уште 12 руски и украински службеници.
“Воведуваме санкции против шест руски и уште шест украински лица кои се исто така одговорни за руското кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина”, изјави кандаскиот премиер Стивен Харпер.
Санкциите се однесуваат на заменик-началникот на рускиот Генералштаб, Вјенчеслава Долодина, вршителот на функцијата гувернер на Севастопол, неколку членови од руската Дума и неколку лидери на проруските бунтовници во Украина.
Истите овие лица добија и санкции и од Европската Унија и од САД.
Официјален Брисел, вчера ја прошири листата на санкции за Русија, вклучувајќи уште 13 нови руски службеници.