
Аднан Реџепи од Куманово во саботата загинал во борбите во градот Шам во Сирија, пренесува новинската агенција ИНА, објави Република.
31-годишниот Албанец бил дел од востанието против режимот на сирискиот диктатор Башар ал-Асад. Како што е наведено, тој починал во саботата.
Аднан Реџепи е поранешен борец на Ослободителната народна армија во војната од 2001 година во регионот на Куманово – Карадак, како дел од специјалната единица. Во 2003 година тој беше уапсен и осуден на четири години затвор.