Најмалку 32 лица повредени во несреќата на патот Штип-Велес

Најмалку 32 лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу шинобус и автобус на патот Штип-Велес, а можно е и зголемување на првичната бројка на повредени.

Александар Стојановски, директорот на клиниката во Штип, информира дека 16 лица се пренесени во штипската клиника.

“Сите 16 лица се во стабилна состојба, а од нив 11 се на хирургија. Еден од пациентите поради поовреда на рбетот е пратен на Клиниката во Скопје”, рече д-р Стојановски.

Во велешката болница испратени биле уште 16 повредени, од кои три лица поради сериозноста на повредите се пратени на Клиниките во Скопје. Во велешката болница во моментов се извршуваат детални прегледи за состојбата на патниците.
Меѓу повредените е и една бремена жена која се наоѓа во стабилна состојба.

Поради сообраќајната несреќа, затворен е патот од Овчеполската крстосница до Сарамзалино.