Утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека утре, 14.05.2014 година, без електрична енергија ќе останат неколку улици и села во општините Центар, Чучер Сандево, Сарај, Шуто Оризари и Аеродром.

Во периодот од 8.30 до 12 часот без електрична енергија ќе останат улиците Загребска и Алберт Швајцер. Од 8.30 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците Крсто Баиќ, Аминта Трети, Кукушка, Благоја Страчков, Димитрие Туцовиќ и Јордан Хаџи Костантинов- Џинот во општина Центар.

Во периодот од 8.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе останат жителите на селото Бразда во општина Чучер Сандево.

Од 9 до 10 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од улицата Славејко Арсов, а додека пак во периодот од 9 до 11 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на булеварот Јане Сандански бр. 86, од влезовите број  3 и 4 во општина Аеродром.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на селото Грчец во општина Сарај, а додека пак во периодот од 10 до 12.30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата тиквешка во општина Шуто Оризари.