
Шокантно! Бебе со две лица се роди во Австралија!
Ова е екстремно ретка форма на сијамски близнаци кои делат едно тело и една глава со две лица.
Имињата на бебињата се Хоуп, како надеж и Фејт, како верба, а мајката иако знаела за деформитетот уште на почетокот од бременоста, во ниту еден момент не се двоумела дали да ги роди.
Рене и нејзиниот сопруг Сајмон, имаат уште 7 здрави деца.
Иако за овој случај се пишува во множина и се користи зборот „близнаци“, сепак се работи за едно бебе кое има две лица.
Овој случај е екстремно редок, а во светот досега се родиле само 35 вакви бебиња, но за жал, ниту едно од нив не преживеало.