
Утре во 21 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт, а сите собрани средства ќе се донираат за лекување на 21-годишната Христина Николовска.
Влезниците ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари. Христина веќе 17 години е во инвалидска количка, а за лекување се потребни 10.000 евра.
Таа боледува од ретка коскена болест „osteogenezis imperfectа“, а повеќепати имала скршеници на коските, поради што се создадени деформитети.
Концертот ќе се одржи во Cabaret Black Cotton (поранешно Корнер, дијагонално од Соборна), а ќе се продаваат и разни сувенири по симболична цена.