
Јавното претпријатие “Водовод и канализација”, информира дека денеска, 14.05.2014 година, без вода ќе останат неколку стопански објекти и средни училишта.
Поради дефек, прекин на вода ќе има на улицата Трета македонска бригада, каде се наоѓаат средните училита ПТТ, ЖТП и Хемикото училите. Исто така, без водоснабдување денеска ќе бидат и фирмата Метро, ДБК, Универзитетот Американ Колеџ и Раде Кончар, кои имаат прекин од вчера.
Од ЈП “Водовод и канализација” информираат дека дефектот ќе биде саниран во текот на денешниот ден.