
Највлијателниот хип хоп артист, Слаткаристика, по интернационалниот концерт во Бугарија и турнејата во Австралија официјално го најавува својот нов сингл ‘’Дими џам’’ за кој ќе излезе и видео запис на почеток на месец Јуни.
Оваа песна Слаткаристика ја работеше заедно со познатиот Ферус Мустафов и со најуспешниот артист за 2013-та година, Тајзи.
Во интересен, сосема поинаков од досегашниот чуен звук во Македонија, со етно моменти, Слаткаристика на свој хумористичен и метафоричен начин ја раскажува приказната за новата “Дими џам”.