Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хаинц Румениге, потврди дека повредата која шпанскиот интернационалец Тиаго Алкантара ја заработи на последниот тренинг е од посериозна природа и поради истата малдиот играч за врска нема да биде во можност да настапи за својата репрезентација на престојниот Мундијал во Бразил.
“Ова е голем, сериозен удар за Тиаго. Многу ни е жал. Станива збор за млад фудбалер кој работеше напорно во изминатите неколку месеци се со цел прво да му помогне на Баерн Минхен, а потоа и да настапи на престојниот Мундијал во Бразил. За жал, тој сон нема да му се исполни, Тиаго нема да настапи за репрезентацијата на Шпанија. Заработи нова сериозна повреда на коленото. Во следните неколку дена ќе бидат извршени нови лекарски прегледи. Ќе направиме се што е во нашата моќ и се надеваме дека Тиаго ќе биде подготвен за игра на стартот од новата клупска сезона”, изјави Румениге.