
Јесеф Јеркел, заменик шеф на кабинетот на турскиот премиер, наводно удирал демонстрант кој веќе лежл на подот улица опкружен од полицијата, која ги бркала демонстрантите со солзавец и гумени мечови.
Турските блогери, меѓу кои и познати новинари, го насочија вниманието кон фотографијата која се појави на друштвените мрежи, а на која се гледа како човек во костим удира еден од демонстрантите. Човекот наликува на блискиот соработник на турскиот премиер.
Јеркел не коментирал на обвиненијата и бројните прашања.
На ЈуТјуб се појавила и кратка видео снимка од наводниот удар.
Меѓутоа исто така не е утврдено дали мажот навистина се обидува да го удри демонстрантот или само се обидува да побегне од местото на несреќата.