Како СДСМ ги доби претседателските избори во 2004 година?

Вооружени лица, полнење на гласачки кутии проследено со дополнително потпишување во Единствениот гласачки список на местата на оние кои не се потпишале, групно гласање, се само дел од доолнителните забелешки кои се наоѓаат во извештајот на ОБСЕ за претседателските избори, кои пред една деценија за шеф на државата го донесоа тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Изборите во 2004 година за опозицијата во денешно време се сметаат за едни од најфер и најдемоктратските, кои некогаш биле спроведени во Македонија. Но, согледувајќи ги деталите од извештајот на ОБСЕ, единственото нешто што може да се заклучи е дека во 2004 година имало се, само не фер, демократски и непосредни избори.

Според најновите детали кои ги добивме од извештајот на ОБСЕ, може да се види дека во него јасно е наведено дека за време на гласањето биле забележани вооружени лица во регионот околу Скопје, како и биле пријавени физички пресметки на три избирачки места. Заплашувањето и заканувањето кон гласачите, но и кон дел од членовите на Избирачките одбори биле честа појава.

Во демократската, за СДСМ, 2004 година, меѓународните набљудувачи биле спречени да ја извршуваат својата мисија на неколку избирачки места.

Во извештајот е наведено и дека на 26 избирачки места, се гласало за други лица, а во 11 имало индиции за полнење на гласачките кутии. На две гласачки места, претставниците на меународниот фактор биле сведоци на чин кога член од Избирачкиот одбор фалсификувал потписи од извадокот од гласачкиот список, како и дека во 6 отсто од избирачките места е забележано дека гласачите не се потпишувале, ниту пак оставале отпечаток во Единствениот гласачки список.

Групно гласање во демократската 2004 година било забележано според ОБСЕ дури и до 20 отсто од избирачко место, претежно во средините со доминантно албанско население. Исто така, во одредени избирачки места, Избирачките одбори не ги пребројувале гласачките ливчиња, а во некои и се додавале потписи на избирачкиот список, само за да се исправи проблемот.

Случаи за полнење на гласачките кутии биле пријавени во Дебар, Гостивар, Кичево, Струга, Куманово, Струга, Тетово, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир и Центар.

Во извештајот на ОБСЕ се наведува дека во 7 отсто од избирачките места биле спроведено намерно фалсифукување на резултатите, како и дека во исто толку избирачки места набљудувачите биле спречени да ја извршат целосно својата работа.

Колку за кратка споредба, според извештајот на ОБСЕ за претседателските избори, на изборите во  2014 година немало забележано ниеден физички инцидент, групно гласање, заплашување, ниту пак вооружени лица на избирачките места. Според извештајот за 2014 година, за време на  гласањето не бил забележан ниеден случај на полнење на гласачки кутии, ни фалсификување на гласачки ливичиња, што автоматски покажа дека за СДСМ овие избори беа крајно не фер и не демократски, бидејќи никој не направил никаков фалсификат, ниту пак криминал.

Според Џен Псаки, портпаролот на американскиот Стејт департмент, претседателските и параламентарните избори во 2014 година се спроведени на професионален начин.

“Им честитаме на граѓаните на Македонија за исполнувањето на нивното право на глас на претседателските и парламентарните избори. Ја повторуваме првичната оценка на ОБСЕ дека изборите беа спроведени на уреден и професионален начин, со некои технички неправилности”, изјави  Псаки.

И од Канцеларијата на Европската Унија, успешно го оценуваат спроведувањето на изборите во 2014 година.

Од горенаведенето може да се заклучи дека колку повеќе физички пресметки, кршење на избирачки кутии, потпишување на местата на оние кои не гласале и слични ситуации се случуваат во одредено избирачки места, толку поовеќе изборите се демократски за нашата опозиција.