
Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев е убеден дека селекцијата на Португалија е зависна од играта и од формата на најголемата ѕвезда во првиот тим, бомбардерот на Реал (М), Кристијано Роналдо.
„Според мене, Кристијано Роналдо заслужено ја освои престижната награда “Златна топка”. Ја освои благодарение на одличните игри и постигнатите погодоци во изминатата сезона. Јас добив впечаток дека на секој натпревар Роналдо постигна или два или три погодоци. Истото го мислам и кога игра за репрезентацијата на Португалија. Во двата бараж натпревари, Роналдо сам ја победи репрезентацијата на Шведска. Точно дека Португалија има неколку добри фудбалери, но Португалија е зависна од играта и од формата на Кристијано Роналдо”, изјави Лев.