
Пожарникар од Топола, утринава загинал во акцијата за спасување на реката Јасеница, јавува порталот „Б 92“.
Спасителот утрово околу 6.30 часот влегол во надојдената река Јасеница, а притоа му се откачила сајлата во моментот кога се обидувал да спаси некои мештани кои го поминувале мостот помеѓу селата Горовиќ и Забара.
Во Белград, поплавите ја однесоа првата жртва.
Низ цела Србија евакуирани се 500 лица.