
Радовишанецот А.Ј (49), рано утринава со жилет си го пресекол пенисот, објави „ТВ Стар“.
Исечениот пенис го фрлил во тоалетна канализација по што припаднал и бил донесен во штипската клиничка болница во тешка состојба, а уролозите се бореле да го сопрат обилното крварење. Откако сториле сè што е во нивна моќ радовишанецот на понатамошен третман е препратен во Ургентниот центар во Скопје.
Според информации на „ТВ Стар, причина за бизарното самоповредување е моментална психичка состојба.
А.Ј. на сексуален план од себе очекувал многу, но во последно време тој од својот пенис бил тотално разочаран. Не му се допаѓал во речиси ништо, а еректалната дисфункција само повеќе го депримирала.