Силна бура која според прогнози во следните денови ќе зафати голем дел од Австрија веќе нанесе штета на далекуводи во покраината Штаерска, каде околу четири илјади домаќинства се без електрична енергија.
„Во регионот Вајц и Шекл северно од Грац, околу четири илјади домаќинства останаа денеска без струја“, соопшти компанијата „Енерџи штајермаркџ“.
Следните денови се очекува засилување на интензитетот на бурата која ќе зафати голем дел од Австрија.