
Во Киев заседаваше „Тркалезната маса“, без проруските сепаратисти. Од неа нема конкретни резултати. И покрај напорите за постигнување на мир повторно дојде до судири меѓу украинската армија и сепаратистите, пишува „Дојче Веле“.
Вооружените сепаратисти ги повикаа владините трупи веднаш да се повлечат. Доколку единиците не се повлечат во рок од 24 часа, активистите ќе започнеле офанзива, изјави самоименуваниот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов. „Нема да се предадеме“, наласи тој.
Државното обвинителство во Киев во меѓувреме се произнесе дека централната власт ја загубила контролата врз голем број државни институции во источна Укриана. Ова довело и до тоа, „неодговорни“ владини соработници да им овозможат пристап на сепаратистите во депоата со муниција. „Ние проценуваме дека терористите до сега конфискувале околу 2000 парчиња оружје“, изјави портпаролот Николај Гошовски.