
За време на официјалните преговори кои ги водел со раководните лица на Манчестер Јунајтед околу менаџерската функција, искусниот холандски стручњак Луи ван Гал ги информирал истите дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на капитенот на холандскиот прволигаш Феенорд, Бруно Мартинс Инди.
Централниот дефанзивец веќе подолг временски период важи за голема желба на раководните лица на Арсенал, Атлетико Мадрид и Јувентус, но победник во трката по неговиот потпис ќе биде првиот клуб кој ќе го прифати и исплати побараното обештетување од 10 милиони фунти.
Најверојатно новиот менаџер на Манчестер Јунајтед веќе има составено список со потенцијални засилувања кои би пристигнале на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок, а во истиот се запишани неколку фудбалери кои моментално настапуваат во холандското првенство.