
До крајот на годината треба да заврши реконструкцијата на Собранието, што почна во 2010 година. Во завршна фаза се и работите на најрепрезентативниот дел на Собранието, протоколарната сала сместена под големата купола, која ќе се користи за меѓународни средби.
Пратеници ќе добијат и фитнес-сала сместена во сутеренските простории од десната страна на главниот влез.
Според проектот, секој пратеник ќе добие своја канцеларија. Изградени се и шест сали за седници на комисиите кои ќе бидат опремени со по две простории за преведувачите и соба за техника
Санацијата и надградбата на овој репрезентативен објект објект чини повеќе од 11 милиони евра.
Фото: МИА