
Српскиот премиер Александар Вучиќ апелираше денеска на жителите на Обреновац каде што ситуацијата е критична, да не одбиваат евакуација и да ги слушаат упатствата на надлежните државни органи.
„Припадниците на војската и полицијата се таму и ги спасуваат луѓето, за два-три часа и јас ќе бидам таму,“ изјави Вучиќ.
Тој изјави дека до сега се извлечени голем број на лица и дека за сега е важно е да се спасат животите, а после ќе мислат за имотите.
„Не можете да опстанете на крововите и високите тераси, бидејќи куќите ќе ви се срушат,“ предупреди Вучиќ.