
На неколку часа пред стартот на највениот натпревар кога е во прашање шампионската титула во шпанската Примера дивизион, предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне потврди дека најголемата ѕвезда во неговиот тим, Диего Коста ќе биде во почетниот состав кој ќе се обиде да остане непоразен во дуелот против каталонскиот гигант Барселона.
“Се е во ред со Диего Коста. Тренира без никаков проблем, не чуствува никаква болка. Ќе биде во почетниот состав. Според мене, дерби пресметката нема да биде решена на самиот старт од натпреварот, но очекувам фуриозен, офанзивен старт на Барселона. Убеден сум дека ќе го видиме најдоброто лице на Барселона во споредба со изминатите неколку недели. Барса има фантастичен тим и игра пред верните фанови. Ќе играме против најкомплицираниот тим на Барселона, но знаеме што се не очекува на “Ноу Камп”, изјави аргентинскиот стручњак.