Барселона ги пикира Теодосиќ и Крстиќ

Кошаркарскиот гигант Барселона подготвува големи промени во играчкиот кадар за наредната сезона. “Каталонците” иако се уште се во игра за еден трофеј, титулата во Шпанија, раководството планира на крајот од сезоната да им се заблагодари на соработката на играчите кои не ја оправдаа довербата.

Според пишувањето на шпанските медиум на излезната врата се Виктор Сада, Џејкоб Пулен, Мачие Лампе, Боштјан Нахбар и Ерезам Лорбек. Се споменува и заминувањето на Папаниколау, кој кариерата би можел да ја продолжи во НБА лига
Веќе се познати и имињата кои ќе ја засилат екипата по заминувањето на кошаркарите кои не го исполниле договорот.

Меѓу потенцијалните нови засилувања на Брселона се Милош Теодосиќ и Ненад Крстиќ , кои сигурно ќе си заминат од ЦСКА Москава на крајот од сезоната. Се споменува дека на списокот на раководството на “каталонците” е и Амерканецот Џастин Долман, кој настапува за Валенсија.