
Пријателите на социјалната мрежа Фејсбук се простуваат од својот пријател, 18- годишниот матурант Ангел Петковски, кој со неколку убоди од нож беше убиен вчерапопладне во скопската населба Ѓорче Петров. Ангел бил матурант во средното медицинско училиште во Скопје.
– Ти благодарам за секоја минута во која ми беше другар… Сѐ уште неможам да поверувам во ова… Џабе е се што ќе се направи понатаму, залудни се сите зборови, дела, солзи исплакани.. ова проклето време само лошо се случува. Одземен е дел од мене вечерва и тоа не може да се пополни.Како можеше некој тебе лошо да ти стори? Подобро дете од тебе немаше. Ти благодарам за се и знам дека го читаш ова од некаде таму горе знај дека те сакам БРАТУ! ПОЧИВАЈ ВО МИР! – напиша неговиот најдобар другар.
Болката е неутешна. Беше убиен поради кражба на неговиот велосипед. Осомничениот Насер, кој веднаш по убиството е уапсен, после 15 часот влегол во неговиот двор сакајќи да му го украде велосипедот. Матурантот го забележал и заедно со неговиот татко се качиле во возило и почнале да го бркаат. Кај очната клиника почнала и физичка пресметка меѓу нив, по што Ангел бил двапати прободен со нож во срцето. Починал во рацете на татко му Сашо.
ФОТО: Facebook