
Натпреварот кој требаше да го одиграат македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје и Лирија во рамките од полуфиналето на плејофот во домашното првенство е одложен за во четврток ( 22 мај).
Оваа информација беше потврдена и од страна на Македонската кошаркарска федерација ( МКФ), која откри дека одлуката е донесена на барање на МВР.
Причината за одложување на натпреварот е стравувањето од инциденти по синоќешната трагедија што се случи во населбата Ѓорче Петров . Заради ова Лирија и МЗТ Скопје натпреварот ќе го одиграат во четврток, додека второто полуфинале меѓу Работнички и Кожув ќе се одигра вечерва со почеток во 19.30 часот.