Пожар во хотел на плоштадот „Македонија“

Помал пожар избил вчеравечер во хотелот Сквер лоциран над кафулето Тренд на плоштадот „Македонија“.

Се работи за помал пожар, најверојатно на оџакот на хотелот, кој веднаш е локализиран и изгаснат, а причинета е само материјална штета – изјавил Благоја Менковски, командир на скопската противпожарна бригада.