Сан Антонио поведе против Оклахома

Тимот на Сан Антонио Спарс поведе со 1:0 во победи во финалето на Западната конференција во НБА лига, откако ја совлада Оклахома со 122:105.

“Мамузоте” доминираа во текот на целата средба потврдувајќи ја фаворитската улога за пласман во големото финале. Тим Данкан го искористи отсуството на Серж Ибака и со 27 поени и седум скока беше најдобар поединец на дуелот. Одлично одигра и Тони Паркер, постигнувајќио 14 поени и 12 асистенции.

„Секогаш сакаме да се обидеме да ја пробиеме одбраната. Очигледно ни е полесно бидејќи не игра Ибака, но ќе игравме на ист начин и тој да беше тука“ , изјави Паркер.

Првите ѕвезди на Оклахома, Кевин Дурант одиграа на свое ниво и постигна 28 поени и девет скока.