
Од денеска, во сите продажни салони на ОНЕ низ републиката можат да се купат билети за хуманитарниот концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, по цена од 150 денари.
Концертот ќе се одржи под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ на 22 мај во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на концертот ќе настапат најголемите македонски музички ѕвезди.
Во име на хуманоста и во интерес на што повеќе средства, ОНЕ се откажува од процентот за продажба на билети преку својата продажна мрежа, а собраните средства во целост ќе бидат наменети за настраданите во Србија и Босна и Херцеговина.