
Утрово во 6:43 часот во Албанија бил регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, соопштуваат од Албанскиот сеизмички центар.
Епицентарот е на 43 километри јужно од Тирана, поточно меѓу градовите Кучово и Берат. Во текот на ноќта биле почувствувани и помали потреси.
Последниот земјотрес во Албанија предизивика само мали материјални штети во градовите Лушња и Фиер.