
Бројот на лица кои загинаа од почетокот на поплавите во Србија е 27, а најмалку 11 од нив починале поради природна смрт, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
Тој истакна дека за сигурно ќе кажат лекарите по завршените обдукции.
„Денес добар дел од теренот е пребаран. Најдовме луѓе кои мислеле дека со автомобилите ќе побегнат од големата вода. Бранот наишол и само еден човек се спасил кој порано излегол од автомобилот“, посочи премиерот на Србија.
Вучиќ истакнал дека нема повеќе пријави за исчезнати.