Роџерс возбуден поради дуелот против Ван Гал

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс изјави дека со нетрпение ги очекува дуелите против Луи ван Гал, кој пред неколку дена и официјално беше именуван за нов менаџер на најголемиот ривал во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед.

„Како прво, многу ми е жал поради отказот кој го доби Дејвид Мојес. Многу ми е жал, убеден сум дека Мојес не доби шанса на „Олд Трафорд”. Ова е нормален потег на клупските челници кои се одлучија за поискусен, потрофеен менаџер. Ван Гал е идеално решение за таа позиција. Неговата работа, неговите успеси се следени и анализирани веќе неколку години.  Ван Гал има точна визија, знае што сака, знае како треба да игра неговиот тим. Работи и со помладите фудбалери. Неговиот профил совршено ќе се вклопи во клупската историја на Манчестер Јунајтед. Јас сум мал менаџер и но нетрпение ги очекувам дуелите против Ван Гал. За противник ќе имам менаџер од светска класа”, изјави Роџерс.