
Украински радикални елементи им се закануваат со физичка елиминација на претставниците на опозициската Партија на регионите, изјави еден од партиските лидери Олександар Вилкул.
Тој наведе дека во април и мај организирана група луѓе во маскирни униформи ги уништувале агитирачките пунктвои во Дњепропетровската Област и им се заканувала на луѓето со физичка ликвидација. Вилкул посочи дека акциите на овие луѓе , се „внимателно планирани“.
„Радикално настроени лица ги нападнаа агитирачките пунктови во Кривој Рог, ги урнаа и и ги претепаа луѓето, а еден од активистите на Партијата на регионите е избоден со нож“, истакна Вилкул.