
Поплавите буквално го избришаа од мапа селото Парачи, источно од Тузла. Тоа речиси и не постои. Пред два дена дошло до лизгање на земјиштето кое однело се пред себе, а жителите едвај спасиле жива глава.
Одроните на земјата се длабоки и по 20 метри, а населението истакнува дека такво нешто никогаш не се случило претходно. Жените и децата се евакуирани на безбедно, а во селото има само мажи кои додека земјата сѐ уште се движи, тие се обидуваат да спасат што можат.