
Македонските земјоделци деновиве ќе имаат можност да присуствуваат на два саеми и тоа Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Србија, како и на Саемот за градинарски, поледелски и овошни култури на отворено во Торбали, Измир, Турција.
На саемот во Нови Сад ќе присуствуваат 100 земјоделци, а на него ќе бидат презентирани земјоделска механизација, опрема и резервни делови, храна и пијалоци, растителоно производство, сточарство, амбалажа, агроиновации…
Во Измир, пак, ќе има 20 земјоделци, а на саемот на отворените површини ќе се презентираат со нови сорти градинарски, поледелски и овошни култури.
Посетите се организирани од Фармерската федерација на Македонија со цел да се разменат искуства и да се види практичната примена на иновациите во аграрот.