
Анџелина Џоли донирала 50.000 долари за помош на настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина и Србија.
Таа порача дека е трагично тоа еден регион кој видел толку многу судири и уништување, сега да биде погоден од природна катастрофа на овие размери.
– Моите мисли се со сите семејства кои гледале како домовите и животите им ги носи водата и притоа ги изгубиле своите најмили. Особено сум загрижена за непосредната опасаност која претставуваат мините во подрачјата која поплавата ги однесе во Босна. Инспирација е да се видат луѓето од двете земји како ги поддржуваат своите соседи. Време е сите ние да го направиме исто и да помогнеме во опоравувањето, порача актерката.