
Менаџерот на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, ги предупреди своите фудбалери дека во новата клупска сезона, очекувањата се многу поголеми и дека не смеат да се задоволат со освојување на само еден пехар.
„Мене многу ми е важно што имам амбициозен став, што имам амбициозен мозок, што размислувам многу амбициозно. Многу е важно да освоиш некоја титула во натпреварувачката сезона. Манчестер Сити ја освои шампионската титула во домашниот шампионат, но сега е време за една детална анализа, да видиме што е добро, а што е лошо. Да видиме каде има место за напредок. Не очекува напорна работа во следниот период, но очекувањата се многу поголеми кога е во прашање новата клупска сезона. Фудбалерите знаат дека овој клуб не се задоволува со само една освоена титула”, изјави искусниот чилеански стручњак.